Syndicate Studio

Вила Маврово

  • Домување
  • Изградено
  • Маврово
  • 2008

Сместена на само неколку метра од Мавровското езеро, представува засолниште во кое бегате од стресното секојдневие кое не опкружува. Иако не представува копија на традиционалните објекти од тој крај, во обликувањето на фасадата со користените материјали таа се надоврзува на традицијата на нашето народно градителство.
Ентериерот остава впечаток на хуман простор кој со своите минимални димензии е потполно дизајниран по мерка на човекот. Полните ѕидни маси од камен се преплетуваат со бели малтерисани површини, детали од дрво и отвори низ кои погледот пробива кон езерото. Движејќи се низ куќата постојано откривате нови визури кои ја збогатуваат визуелната динамика на самиот просор.