Neodonismo
- Ентериер
- Изградено
- Скопје
- 2009
Неодонизмо е ентериер за хедонисти, за уживање. Иако наменет за деловен простор, тој е во исто време пријатен за око на вработените, но и на клиентите им влева чувство на сигурност, конзервативност и доверба, синоним за оваа професија.
Колажот со квадрати од гранитни плочи во неколку бои, е единствениот елемент што создава динамика во оваа мирна композиција. Целокупниот мебел е со едноставни форми кои во потполност се вклопуваат во топлата атмосвера на тонови визуелно зголемувајќи го просторот.