Skip to content

Syndicate Studio

Фонтана Флуид - Плоштад Македонија

  • Урбан дизајн
  • Неизградено
  • Конкурс
  • Скопје, Македонија
  • 2004

Местополжбата на фонтаната во која се сечат сите примарни оски на движење, ја наметна потребата истата да биде проодна и неприметна, без издигнати волумени и било какви препреки при движењето. Со ваквиот пристап е дојдено до едно крајно едноставно и флексибилно решение, без издигнување на било какви волумени над плочникот освен водените снопови и светлата кои сами по себе се транспарентни и проодни. Играта на водата и светлината го трансформираат едноставниот и лесен дизајн во илјадници различни слики секогаш поинакви и секогаш интересни,при тоа создаваќи флуид помеѓу фонтаната, плоштадот, околните објекти и секако човекот.

Конкурс за изработка на идејно решение на фонтана, плоштад Македонија, Скопје