Syndicate Studio

Јавен простор за скулптурално решение посветен на бранителите од 2001 година

  • Урбан дизајн
  • Неизградено
  • Конкурс
  • Втора награда
  • Специјална награда од ААМ
  • Драчево, Скопје
  • 2005

Архитектонско - урбанистичкиот проект за уредување и обликување на јавниот простор со скулптурално решение во Скопската населба Драчево, е тематски наменет во чест на паднатите бранители од ова место во конфликтот од 2001 година.
За решението се користи бетонот, како материјал кој со своите карактеристики го доловува делото на овие луѓе. Патеките од бетон, колонадата од бетонски столбови, урбаната опрема од бетон, металните столбови со светлосна илуминација во средината на платото (представа на 11 загинати бранители), ѕидот за свеќи и тревнетите површини, формираат една едноставна и монументална композиција. Истовремено секоја од овие содржини или функции во себе содржи симболика која е поврзана со целта на оваа проектна задача.

Конкурс за изработка на идеен проект за уредување и обликување на јавен простор со скулптурско решение во населба Драчевo посветен на бранителите од 2001 година, Скопје