Skip to content

Syndicate Studio

ПРОФИЛ

Друштвото за архитектура Синдикат студио ДОО Скопје е формирано 2004г. од Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, како природен продолжеток на дружењето и истите погледи на архитектурата на тројцата колеги од клупите на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија. Како резултат на таа поврзаност, нашето силно верување дека синергијата креирана работејќи и креирајќи во тим продуцира подобри резултати околку прост збир на индивидуални усилби, како и после учество и освоени многу награди на домашни и меѓународни конкурси дојде и до формирање на ова “синдикално” студио.

Синдикат студио на своите клиенти им нуди комплетна услуга, од проектирање и советување, до изградба, уредување и опремање на објекти. Во зависност од потребите на клиентите ги обезбедува и следните услуги:
  • Изработка на прелиминарни дизајни за архитектонски објекти и внатрешно уредување
  • Изработка на изведбени проекти за архитектонски објекти и внатрешно уредување, вклучувајќи ги сите потребни фази, спецификации на материјалите и опремата
  • Изведба и внатрешно уредување на објекти
  • Надзор на работите
  • Финансиски анализи на чинење на проектите
  • Подготовка на проект менаџмент планови, со анализа на динамика, чинење и потреба за работници


ФИЛОЗОФИЈА

Деловната филозофија ја темелиме на квалитетната подготовка и изведба на проектите. Стручниот тим кој го сочинуваат архитекти, дизајнери и градежни инженери, после согледувањето на желбите и потребите на клиентот, ја анализираат постоечката ситуација пронаоѓаат иновативни и функционални решенија и предлагаат насоки за изведба и имплементација на проектот. За успешна изработка сите фази од проектите (статика, термотехнички, електрични и хидротехнички инсталации) во нашата работа вклучуваме тим на експерти.


СИНДИКАЛНИ РАБОТНИЦИ


Дејан Секуловски
Архитект
dejan.sekulovski@syndicatestudio.mk

Дејан Спасеновски
Архитект
dejan.spasenovski@syndicatestudio.mk

Илија Божиновски
Архитект
ilija.bozinovski@syndicatestudio.mk

Сања Тасева
Архитект
sanja.taseva@syndicatestudio.mk