Tурски театар
- Култура
- Неизградено
- Конкурс
- Откупен проект
- Скопје
- 2006
Предлог решението е замислено како објект - елемент кој ќе им парира на нагласеноста на постоечките објекти од опкружувањето: хоризонталата на новата железничка станица и вертикалата на комплексот на банки.
Тоа е објект карактеристичен со своите дуалности: полно и празно, светло и темно, масивно и лесно, напред и назад.
Користење на стаклена обвивка и придвижувањето на границата помеѓу внатрешноста и надворешноста, представува пример на создавање на специфичен сценографски амбиент во просторот. Играта на сенки која се формира како одраз на транспарентноста, дава секогаш различна глетка и впечаток на композицијата во зависност од периодот на денот и количината на светлината.
Конкурс за изработка на идеен проект за архитектонско-урбанистичко решение за изградба на нова зграда - објект на национална установа Турски театар, Скопје