Стан 6 во 1
- Ентериер
- Изградено
- Скопје
- 2008
Само два од многуте преградни ѕидови на потпокривот на станбениот блок се задржани во овој апартман од 420 м2. Предизвикот да се формира една станбена единица од шест постоечки гарсоњери, е решен создавајќи единствен простор со два нивоа организиран околу подолжна оска - коридор, кој го дели просторот по функција ден-ноќ. Едниот блок се состои од дневен боравок, трпезарија и кујна со сопствена галерија, додека другиот се 3 спални соби со сопствени санитарии, место за одмор и работа распределени на 2 нивоа.
Освен извонредното функционално решение, визуелната слика на овој апартман се формира и со нагласување на големите површини со одсаство на непотребни предмети, додека косите плафони и конструктивните елементи се негираат со бела боја.