Стар театар
- Култура
- Неизградено
- Конкурс
- Скопје
- 2004
- Откупен проект
Барањето за реконструкција на Стариот театар кој беше срушен за времето на катастрофалниот земјотрес кој го погоди во 1963 година, е решено со визуелна трансформација на масивната градба со стаклена завеса, на која се реплицира фасадата во својата оригинална форма. Материјализацијата на објектот е направена со поделеност на контурата на објектот во две силуети: внатрешната масивна и надворешната стаклена.
На тој начин се добива еден модерн објект со сите посакувани реминисценции на минатото. Границата помеѓу тоа што е внатре а што надвор не постои добивајќи објект кој дише и слободно комуницира со околината.
Конкурс за изработка на анкетно-идеен проект за урбанистичко-архитектонско решение за обнова и реконструкција на стариот театар, Скопје